Совети при работењето
- Заштитете ги алатите за глодање од удари.
- Процесот на глодање секогаш мора да се извршува спроти правецот на ротација на глодалката (5) (спротивен тек). При глодање во правец на ротација (ист тек) електричниот алат може да ви избега од раката.
Поставете ја саканата длабочина на глодање види Подесување на длабочината за глодање.
Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на делот за обработување и вклучете го.
Притиснете го лостот за деблокирање (23) наназад и водете ја површинската глодалка до крај во правец на основната плоча (13). Повторно отпуштете го лостот за деблокирање (23) за да ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување.
Процесот на глодање вршете го со константна брзина.
По завршувањето на процесот на глодање, вратете ја површинската глодалка во најгорна позиција.
Исклучете го електричниот алат.
За обработка на големи делови на пр. кај глодалки за жлебови, како помошен граничник на делот за обработување може да прицврстите една даска или лајсна и да ја водите површинската глодалка по должината на помошниот граничник. Водете ја површинската глодалка на израмнетата страна на лизгачката плоча по должината на помошниот граничник.
При обликување и глодање на рабови без паралелен граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-водилки или куглично лежиште.
Водете го вклучениот електричен алат странично на делот што се обработува, додека чивиите-водилки или кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од делот што се обработува.
Водете го електричниот алат по работ на делот за обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети работ на делот што се обработува.
Вметнете го паралелниот граничник (33) со водечките прачки (34) во основната плоча (13) и цврсто затегнете го со завртките (7) соодветно на потребните димензии.
Со пеперутка-завртките (36) и (35) може дополнително да ја подесите должината на паралелниот граничник.
Со вртливото копче (37) по олабавување на двете пеперутки-завртки (35) може фино да ја подесите должината. Едно вртење одговара на должина на подесување од 2,0 mm, една од цртичките на вртливото копче (37) одговара на промена на должината на подесувањето за 0,1 mm.
Со шината-граничник (38) може да ја промените ефективната контактна површина на паралелниот граничник.
Водете го вклучениот електричен апарат со рамномерно движење и страничен притисок на паралелниот граничник по должината на работ од делот што се обработува.
При глодање со паралелен граничник (33) треба да се врши и вшмукување на правта/струготините со помош на специјален адаптер за вшмукување (39). Адаптерот за вшмукување може да остане монтиран.
Со помош на копирната чаура (43) може да пренесувате контури од нацрти одн. шаблони на делот за обработување.
Според дебелината на шаблонот одн. нацртот одберете ја соодветната копирна чаура. Бидејќи висината на копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има минимална дебелина од 8 mm.
За да се користи копирната чаура (43) најпрво мора да се вметне SDS-адаптерот на копирната чаура (40) во лизгачката плоча (11).
Поставате го адаптерот за копирната чаура (40) од горе на лизгачката плоча (11) и завртете ги со 2 завртки за прицврстување (41). Внимавајте на тоа, лостот за деблокирање за адаптерот за копирната чаура (42) да може слободно да се движи.
Вметнете го лостот за деблокирање (42) во правец на стрелката и ставете ја копирната чаура (43) од долу во SDS-адаптерот за копирна чаура (40). Кодираните запци мора цврсто да се вметнат во отворите на копирната чаура (43).
Проверете го растојанието од средината на глодалката и работ на копирната чаура види Центрирање на основната плоча (види слика N).
- Изберете помал дијаметар на глодалката од внатрешниот дијаметар на копирната чаура.
Процес на глодање
Водете го вклучениот електричен алат со копирната чаура (43) на шаблонот.
Притиснете го лостот за деблокирање (23) наназад и полека водете ја површинската глодалка надолу, додека не се постигне подесената длабочина на глодање. Повторно отпуштете го лостот за деблокирање (23) за да ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување.
Водете го електричниот алат со копирната чаура што стрчи (43) со страничен притисок по должината на шаблонот.
За да е подеднакво исто растојанието од средината на глодалката до работ на копирната чаура (43) доколку е потребно копирната чаура и лизгачката плоча (11), може да се центрираат една кон друга.
Притиснете го лостот за деблокирање (23) наназад и водете ја површинската глодалка до крај во правец на основната плоча (13). Повторно отпуштете го лостот за деблокирање (23) за да ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување.
Олабавете ги завртките за прицврстување (44) за околу 2 вртења, така што лизгачката плоча (11) ќе може слободно да се движи.
Поставете го трнот за центрирање (45) во прифатот за алат како што е прикажано на сликата. Рачно зацврстете ја претурната навртка, така што трнот за центрирање сè уште може слободно да се движи.
Центрирајте ги трнот за центрирање (45) и копирната чаура (43) еден со друг, со лесно поместување на лизгачката плоча (11).
Повторно затегнете ги завртките за прицврстување (44).
Извадете го трнот за центрирање (45) од прифатот за алат.
Притиснете го лостот за деблокирање (23) и водете ја површинската глодалка во најгорната позиција.
Отворете го поклопецот на преградата за батерии (22) нагоре и извадете ја батеријата. Ставете нова батерија (тип CR2032). Позитивниот пол на батеријата мора да покажува нанапред кон поклопецот на преградата за батерии (22). Ставете го дихтунгот (46) и затворете го поклопецот на преградата за батерии (22).