Подесување на длабочината за глодање
- Подесувањето на длабочината на глодање смее да се врши само доколку електричниот алат е исклучен.
За грубо подесување на длабочината на глодање (види слика D и E) постапете на следниот начин:
- Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на делот што се обработува.
- Со вртливото копче (25) поставете ги границите на фино подесување на средината. Свртете го вртливото копче (25), додека не се поклопат ознаките (19) како што е прикажано на сликата. Потоа свртете ја скалата (24) на 0.
- Градираниот граничник (9) поставете го на најнизок степен; се слуша кога градираниот граничник ќе се вклопи.
- Олабавете ја завртката (15) на граничникот за длабочина (14), така што тој (14) ќе може слободно да се движи.
- Притиснете го лостот за деблокирање (23) наназад и полека водете ја површинската глодалка надолу, додека глодалката (5) не ја допре површината на делот што се обработува. Повторно отпуштете го лостот за деблокирање (23) за да ја фиксирате оваа позиција.
- Притиснете го граничникот за длабочина (14) надолу, додека не легне на градираниот граничник (9).
GOF 1250 LCE: Вклучете го дигиталниот приказ за длабочина на прекинувачот за вклучување/исклучување (18). Притиснете го копчето (16) за подесување на нулта точката на граничникот за длабочина (14).
GOF 1250 CE: Лизгачот со индексната ознака (27) наместете го на позиција 0 на скалата за длабочина на глодање (26). - Поставете го граничникот за длабочина (14) на саканата длабочина за глодање и затегнете ја завртката (15) на граничникот за длабочина (14).
GOF 1250 CE: Внимавајте на тоа, лизгачот со индексната ознака (27) да не го поместувате повеќе. - Притиснете го лостот за деблокирање (23) и водете ја површинската глодалка во најгорната позиција.
При големи длабочини на глодање треба да се направат повеќе процеси на обработка со помало вадење струготини. Со помош на градираниот граничник (9) може да го поделите процесот на глодање на повеќе степени. Притоа, подесете ја саканата длабочина на глодање со најнизок степен на градираниот граничник и за првиот процес на обработка изберете го највисокиот степен. Растојанието помеѓу степените може да се промени со вртење на завртките за подесување (10).
По пробата за глодање, со вртење на вртливото копче (25) можете да ја подесите длабочината на глодање точно на саканите димензии; свртете во правец на стрелките на часовникот за зголемување на длабочината на глодање, а за намалување на длабочината на глодање свртете во правец спротивен на стрелките на часовникот. Скалата (24) служи за ориентација. Едно вртење одговара на должина на подесување од 2,0 mm, една од цртичките на долниот раб на скалата (24) одговара на промена на должината на подесувањето за 0,1 mm. Максималната должина на подесување изнесува ±8 mm.
Пример: Потребната длабочина на глодање треба да изнесува 10,0 mm, а при пробното глодање сте измериле длабочина од 9,6 mm.
- Свртете ја скалата (24) на 0.
- Свртете го вртливото копче (25) за 0,4 mm/4 цртички (разлика од зададената и реалната вредност) во правец на стрелките на часовникот.
- Проверете ја избраната длабочина на глодање со уште едно пробно глодање.
GOF 1250 CE: По поставувањето на длабочината на глодање, не ја менувајте повеќе позицијата на лизгачот (27) на граничникот за длабочина (14) за да може во секое време да ја прочитате моменталната длабочина на скалата (26).
GOF 1250 LCE: Ќе се прикаже моменталната длабочина на глодање на екранот (21).