Подготовка за работа

  • Прекинувачот за менување на правецот на вртење (8) активирајте го само кога електричниот алат е во мирување.
  • Десен тек: Притиснете го прекинувачот за правец на вртење (8) нагоре во позиција "R".
  • Лев тек: Притиснете го прекинувачот за правец на вртење (8) надолу во позиција "L".
    Напомена: Левиот тек не смее да се користи за дупчење.

Пред секое ставање во употреба на електричниот алат, проверете ја функцијата на заштитниот уред за диференцијална струја!

  • Проверете дали прекинувачот за вклучување/исклучување на магнетот (20) се наоѓа во позиција „0“.
  • Ставете го струјниот приклучок и притиснете на копчето RESET на заштитниот уред за диференцијална струја (15), додека приказот (16) не светне црвено.
  • Притиснете го копчето TEST на заштитниот уред за диференцијална струја (15), додека не се изгаси приказот (16). Доколку приказот (16) не се изгаси, заштитниот уред за диференцијална струја е дефектен и мора да се поправи. Не работете со електричниот алат!
  • По гасење на приказот (16) одново притиснете го копчето RESET.
  • Ако приказот (16) свети црвено, позиционирајте го алатот види Правилно позиционирајте го делот за обработка.
  • ВНИМАНИЕ! По секое исклучување на електричниот алат од струја морате повторно да го спроведете овој тест, пред повторно да го користите електричниот алат.

Напомена: Заштитниот уред за диференцијална струја штити од електричен удар над 10 mA.

Ласерот со вкрстени линии ќе ви го покаже точното место на дупчење.

  • Вклучете ја ласерската единица со прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
  • Позиционирајте го електричниот алат на делот за обработка и израмнете го со ласерскиот крст на ознаката на делот за обработка.
  • Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување на магнетот (20) нагоре и проверете дали електричниот алат се прилепува за површината на делот за обработка.
  • Ев. осигурете го електричниот алат со безбедносната лента (44).

  • При секое работење во коса или вертикална положба или на плафон осигурете го електричниот алат од испаѓање со испорачаната безбедносна лента.
  • Пред употреба проверете дали безбедносната лента функционира беспрекорно. Никогаш не го употребувајте оштетена безбедносна лента, туку веднаш заменете ја.
  • Доколку е можно прицврстете ја безбедносната лента (44) без да шета.
  • Вметнете ја безбедносната лента низ прифатот (11) и поставете ја околу делот за обработка.
  • Извадете ја безбедносната лента со помош на крцкалка (42).
  • За олабавување на безбедносната лента притиснете го блокаторот (43) на крцкалката и извлечете ја безбедносната лента.
  • Ставете ја безбедносната лента на тој начин што електричниот алат ќе се оддалечи од Вас при лизгање.

Со скалата (45) на главината на курблата (5) може да се утврди саканата длабочина на дупчење.
Длабочината на дупчење може да се подеси со помош на цртичките на скалата. Меѓу малите цртички е 1 mm, а меѓу големите цртички 10 mm.