Ставање во употреба

За ставање во употреба на електричниот алат, најпрво притиснете ја нанапред рачката за ослободување (6) и потоа притиснете го нагоре прекинувачот за вклучување/исклучување (7).

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7).

Со двете копчиња за претходно избирање на бројот на вртежи (3) може претходно да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот. Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

LED-светилки

[min–1]

Трајно светло 1 x бело

5000

Трајно светло 2 x бело

7500

Трајно светло 3 x бело

10000

Трајно светло 4 x бело

12500

Трајно светло 5 x бело

15000

  • Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.

Следната табела ги објаснува можните LED-прикази (2).

Боја

Состојба

Значење/причина

Решение

Бела

Трајно светло
(1 x ... 5 x)

Одредување на број на вртежи

види Претходно избирање на бројот на вртежи (види слика B)

Зелено

Трајно светло
(2 x ... 5 x)

Батеријата е полна

види Приказ за наполнетост на батеријата

Жолто

Трајно светло
(1 x)

Батеријата е речиси празна види Приказ за наполнетост на батеријата

Наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Трепкачко светло
(5 x)

Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија)

Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади

Црвено

Трајно светло
(1 x)

Батеријата е празна види Приказ за наполнетост на батеријата

Заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Трепкачко светло
(5 x)

Електричниот алат е прегреан и се исклучува

Оставете го електричниот алат да се излади и вклучете го повторно

Електричниот алат е блокиран и се исклучува

Отстранете ја блокадата и повторно вклучете го електричниот алат

Блокадата за вретеното е активирана и електричниот алат се исклучува

Деактивирајте ја блокадата на вретеното и повторно вклучете го електричниот алат

Константната електроника држи постојан број на вртежи при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.