Подготовка за работа
- Прекинувачот за менување на правецот на вртење (8) активирајте го само кога електричниот алат е во мирување.
- Десен тек: Притиснете го прекинувачот за правец на вртење (8) нагоре во позиција "R".
- Лев тек: Притиснете го прекинувачот за правец на вртење (8) надолу во позиција "L".
Напомена: Левиот тек не смее да се користи за дупчење.
Пред секое ставање во употреба на електричниот алат, проверете ја функцијата на заштитниот уред за диференцијална струја!
- Проверете дали прекинувачот за вклучување/исклучување на магнетот (20) се наоѓа во позиција „0“.
- Ставете го струјниот приклучок и притиснете на копчето RESET на заштитниот уред за диференцијална струја (15), додека приказот (16) не светне црвено.
- Притиснете го копчето TEST на заштитниот уред за диференцијална струја (15), додека не се изгаси приказот (16). Доколку приказот (16) не се изгаси, заштитниот уред за диференцијална струја е дефектен и мора да се поправи. Не работете со електричниот алат!
- По гасење на приказот (16) одново притиснете го копчето RESET.
- Ако приказот (16) свети црвено, позиционирајте го алатот види Правилно позиционирајте го делот за обработка.
- ВНИМАНИЕ! По секое исклучување на електричниот алат од струја морате повторно да го спроведете овој тест, пред повторно да го користите електричниот алат.
Напомена: Заштитниот уред за диференцијална струја штити од електричен удар над 10 mA.
Ласерот со вкрстени линии ќе ви го покаже точното место на дупчење.
- Вклучете ја ласерската единица со прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
- Позиционирајте го електричниот алат на делот за обработка и израмнете го со ласерскиот крст на ознаката на делот за обработка.
- Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување на магнетот (20) нагоре и проверете дали електричниот алат се прилепува за површината на делот за обработка.
- Ев. осигурете го електричниот алат со безбедносната лента (44).
- При секое работење во коса или вертикална положба или на плафон осигурете го електричниот алат од испаѓање со испорачаната безбедносна лента.
- Пред употреба проверете дали безбедносната лента функционира беспрекорно. Никогаш не го употребувајте оштетена безбедносна лента, туку веднаш заменете ја.
- Доколку е можно прицврстете ја безбедносната лента (44) без да шета.
- Вметнете ја безбедносната лента низ прифатот (11) и поставете ја околу делот за обработка.
- Извадете ја безбедносната лента со помош на крцкалка (42).
- За олабавување на безбедносната лента притиснете го блокаторот (43) на крцкалката и извлечете ја безбедносната лента.
- Ставете ја безбедносната лента на тој начин што електричниот алат ќе се оддалечи од Вас при лизгање.