Напомени за работењето

Заштитете ги брусните плочи за сечење од удари и маснотија. Не ја притискајте странично брусната плоча за сечење.

Не ги кочете дијамантските брусни плочи за сечење со страничен притисок.

При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу дијамантскиот диск за сечење јасно укажува на тоа.

Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.

Држете го електричниот алат за дополнителната рачка (3) и рачката (4).

Погрижете се вентилот (16) да биде затворен при сечење метал.

Секогаш користете систем за ладење со вода при сечење бетон (види слика H).

  • Прицврстете го адаптерот (18) со црево за вода на млазницата на цревото (17).
  • Поставете го протокот на вода со вентилот (16) со исклучен електричен алат.

Напомена: максимален дозволен притисок на вода: 6,2 bar

  • Проверете ги компонентите на приклучокот за вода (17), пред да го користите електричниот алат. Никогаш не користете оштетени делови.
  • Не дозволувајте да влезе вода во електричниот алат и чувајте го подалеку од други луѓе во работната област.

Електричниот алат секогаш мора да се води во спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот.

Процепите во носечките ѕидови подлежат на прописите специфични за земјата. Мора задолжително да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате.

Грешка

Причина

Решение

Електричниот алат не може да се вклучи

Батеријата не е вметната или е празна

Заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Електричниот алат и батеријата се надвор од дозволената работна температура

Воспоставете дозволена работна температура види Технички податоци

Електричниот алат работи со прекини

Батеријата е речиси празна

Заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Интерна грешка

За таа цел, однесете го електричниот алат до овластена сервисна служба за електрични алати на Bosch

Електричниот алат работи само кратко

Батеријата е речиси празна

Заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Силни вибрации

Дискот за сечење е истрошен и неизбралансиран

Заменете го дискот за сечење

Дискот за сечење е оштетен

Дискот за сечење не е монтиран правилно

Правилно монтирајте го дискот за сечење види Вметнување/замена на дијамантскиот диск за сечење (види слика A), види Вметнување/замена на дискот за сечење

Интерна грешка

За таа цел, однесете го електричниот алат до овластена сервисна служба за електрични алати на Bosch

Дискот за сечење се заглавува, прави нерамни засеци и функционира несоодветно

Дискот за сечење е оштетен

Заменете го дискот за сечење

Несоодветен процес на сечење

Поправете го процесот на сечење види Процес на сечење (види слика J)

Нема вода при сечењето

Доводот на вода е прекинат

Отворете го доводот на вода

Вентилот за довод на вода е затворен

Отворете го вентилот за довод на вода

Адаптерот за приклучокот за вода не е монтиран правилно

види Монтирање на приклучокот за вода (види слика E)