Ставање во употреба
Со двете копчиња за претходно избирање на бројот на вртежи (3) може претходно да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот. Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
LED-светилки | [min–1] |
---|---|
Трајно светло 1 x бело | 5000 |
Трајно светло 2 x бело | 7500 |
Трајно светло 3 x бело | 10000 |
Трајно светло 4 x бело | 12500 |
Трајно светло 5 x бело | 15000 |
- Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
Следната табела ги објаснува можните LED-прикази (2).
Боја | Состојба | Значење/причина | Решение |
---|---|---|---|
Бела | Трајно светло | Одредување на број на вртежи | |
Зелено | Трајно светло | Батеријата е полна | |
Жолто | Трајно светло | Батеријата е речиси празна види Приказ за наполнетост на батеријата | Наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Трепкачко светло | Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија) | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади | |
Црвено | Трајно светло | Батеријата е празна види Приказ за наполнетост на батеријата | Заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Трепкачко светло | Електричниот алат е прегреан и се исклучува | Оставете го електричниот алат да се излади и вклучете го повторно | |
Електричниот алат е блокиран и се исклучува | Отстранете ја блокадата и повторно вклучете го електричниот алат | ||
Блокадата за вретеното е активирана и електричниот алат се исклучува | Деактивирајте ја блокадата на вретеното и повторно вклучете го електричниот алат |