Вметнување/замена на дијамантскиот диск за сечење (види слика A)
- При ставање и менување на дијамантската брусна плоча за сечење се препорачува носење на заштитни ракавици.
- Дијамантската брусна плоча за сечење за време на работата станува многу жешка, не ја допирајте пред да се олади.
- Секогаш користете дијамантска брусна плоча за сечење со правилната големина и со соодветниот отвор за прифат, кој е соодветен на димензиите дадени во Техничките податоци.
- Користете само дијамантски дискови за сечење. Сегментните дијамантски плочи смеат да покажуваат негативен агол на сечење и максимален процеп од 10 мм помеѓу сегментите.
Монтирање на дијамантската брусна плоча за сечење
- Исчистете го дијамантскиот диск за сечење (25) и сите делови што се монтираат.
- Извадете го прстенестиот клуч (24) од под рачката (4).
- Поставете го дијамантскиот диск за сечење (25) на погонското вратило (12). Правецот на стрелката на дијамантскиот диск за сечење (25) и стрелката која го покажува правецот на вртење (8) на заштитниот капак (5) мора да соодветствуваат.
- Вртете ја затезна завртка со подлошка (9) на вретеното, додека подлошката не се прицврсти.
- Повлечете и задржете го лостот за фиксирање на вретено (13) и вртете го дијамантскиот диск за сечење (25) додека блокадата на вретеното не се активира.
- Прицврстете ја затезната завртка (9) на погонското вратило (12) со прстенест клуч (24).
- Отпуштете го лостот за фиксирање на вретеното (13).
- Повторно вметнете го прстенестиот клуч (24) во подножјето на рачката (4).
Демонтирање на дијамантската брусна плоча за сечење
- Извадете го прстенестиот клуч (24) од под рачката (4).
- Повлечете и задржете го лостот за фиксирање на вретеното (13).
- Со прстенест клуч (24) олабавете го затезната завртка (9).
- Олабавете и извадете ја затезната завртка со подлошка (9), стезната прирабница (10) и дијамантскиот диск за сечење (25) од погонското вратило (12).
- Монтирајте нов дијамантски диск за сечење (25) види Монтирање на дијамантската брусна плоча за сечење.
- Повторно вметнете го прстенестиот клуч (24) во подножјето на рачката (4).