Снабдување со енергија на мерниот уред

Мерниот уред може да се користи или со Bosch литиум-јонскиот батериски пакет (12), со обични батерии или со обични NiMH-акумулаторски батерии.

Напомена: Никогаш не складирајте го мерниот уред без вметнат поклопец на преградата за батерии (16) или литиум-јонскиот батериски пакет (12), особено во околина со прашина или влага.

Приказот за состојба на наполнетост (d) на екранот ја покажува состојбата на наполнетост на литиум-јонскиот батериски пакет (12), батериите одн. NiMH-акумулаторските батерии.