Работа со батерии

За да се префрлите од литиум-јонски батериски пакет (12) на батерии/NiMH-акумулаторски батерии, извадете го литиум-јонскиот батериски пакет (12).

За работење со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии или NiMH-акумулаторски батерии.

Ставете ги батериите одн. акумулаторските батерии внатре.

Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.

Ставете го поклопецот на преградата за батерии (16) и фиксирајте го.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.