Употреба
- Заштитете ги мерниот алат и далечинскиот управувач од влага и директно изложување на сончеви зраци.
- Не ги изложувајте мерниот уред и далечинскиот управувач на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не ги оставајте долго време во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го мерниот уред и далечинскиот управувач најпрво да се аклиматизираат, пред да ги ставите во употреба. Направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со работа со мерниот уред види Контрола на точноста на мерниот уред.
При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
- Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на точноста види Контрола на точноста на мерниот уред.