Ставање во употреба на далечинскиот управувач
Со притискање на контролните копчиња, може да се исклучи нивелирањето на мерниот уред, така што ротацијата запира за кратко. Со примена на далечинскиот управувач, овој ефект се избегнува.
Се додека има доволно напон во батеријата, далечинскиот управувач е подготвен за работа.
Мерниот уред поставете го на тој начин, така што сигналите на далечинскиот управувач досегаат до еден од сензорите (7) во директен правец. Доколку далечинскиот управувач не може да се насочи директно на сензорот, се намалува работното подрачје. Со рефлексии на сигналот (на пр. на ѕидовите) дометот може да се подобри и при индиректен сигнал.
По притискање на едно од копчињата на далечинскиот управувач, светлата на приказот за пренос на сигнал (25) покажуваат дека е испратен сигнал.
Вклучувањето/исклучувањето на мерниот уред не е можно со далечинскиот управувач.