Дефект – Причини и помош
Причина | Помош |
---|---|
Приказот на контрола на температурата (k) и приказот на предупредување (j) светат, не е можно мерење | |
Мерниот уред е надвор од работната температура или бил изложен на силни температурни флуктуации. | Исклучете го мерниот уред и оставете го да се темперира, пред повторно да го вклучите. Точни мерења се можни само ако температурата во внатрешноста на мерниот уред остане константна. |
Приказот на радио пречки (i) и приказот на предупредување (j) светат | |
Мерењето е под влијание на електрични, магнетни или електромагнетни полиња (на пр. мобилни телефони, лаптопи или таблети во близина на мерниот уред). | Доколку е можно, деактивирајте ги соодветните функции кај сите уреди чие зрачење може да влијае на мерењето или исклучете ги уредите. |
Приказот на предупредување (j) трепка | |
Мерниот уред има дефект и повеќе не е функционален. | Однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch. |
Приказ на метален предмет и постојано отчукување на приказот за мерење (b), иако нема метален предмет во близина на мерниот уред | |
Фабричката калибрација повеќе не е валидна (на пр. поради пад од голема височина). | Рачно калибрирајте го уредот види Повторно калибрирајте го мерниот уред. |
Светлечкиот прстен (1) не свети при поставување на подлогата | |
Подлогата не може да се детектира, бидејќи опсегот на сензорот (17) е валкан. | Исчистете го мерниот уред со сува, мека крпа и одново стартувајте го мерењето. |
Ѕидниот контакт или подлогата не може да се детектираат поради посебни карактеристики на ѕидот (на пр. многу темна површина). | Поставете го мерниот уред на подлогата. За рачно детектирање на ѕид, истовремено притиснете ги копчињата за метал/струја (4) и дрво (5) (околу 3 s), додека не свети светлечкиот прстен (1) и не се огласи сигнален тон. Потоа измерете како и обично. |