Повторно калибрирајте го мерниот уред
Ако се прикаже метален предмет и приказот за мерење (b) постојано отчукува, иако нема метален предмет во близина на мерниот уред, може рачно дополнително да го калибрирате мерниот уред.
Проверете дали приказот за состојбата на наполнетост (d) прикажува уште најмалку 1/3 од капацитетот.
- Исклучете го мерниот уред.
- Отстранете ги сите предмети коишто би можеле да се прикажат од близината на мерниот уред (исто така и рачните часовници или прстени од метал).
Држете го мерниот уред хоризонтално во воздух, така што задната страна на мерниот уред ќе покажува кон подот. - За да се префрлите во режим на калибрација, истовремено притиснете го копчето за вклучување/исклучување (7) како и копчето за сигнален тон (6). Задржете ги двете копчиња (околу 5–10 s), додека светлечкиот прстен (1) не трепка во црвено.
- За да ја стартувате новата калибрација, притиснете го копчето за сигнален тон (6) и задржете го (околу 5–10 s), додека светлечкиот прстен (1) не свети во црвено.
- Доколку калибрацијата е успешна, мерниот уред по неколку секунди автоматски ќе стартува и повторно е подготвен за работа.
Напомена: Доколку мерниот уред не стартува автоматски, повторете ја калибрацијата. Ако мерниот уред сè уште не започне, испратете го до овластена Bosch-сервисна служба.