Употреба
- Заштитете го рачниот уред и акумулаторската батерија или батерискиот адаптер од директна сончева светлина. Заштитете ја акумулаторската батерија или батерискиот адаптер од влага. Кабелот на камерата (1) и главата на камерата (2) се отпорни на вода доколку правилно се монтираат, рачниот уред (13) е отпорен на прскање вода. Сепак, акумулаторската батерија (14) и батерискиот адаптер не се заштитени од вода, контактот со вода може да доведе до електричен удар или оштетување.
- Не ја користете камерата за проверка, доколку леќата на главата од камерата (2) е замаглена. Исклучете ја камерата за проверка, дури откако влагата ќе испари. Инаку, камерата за проверка може да се оштети.
- Вклучените светла (3) може да се вжештат за време на работата. Не ги допирајте светлата, за да избегнете изгореници.
- Не ја изложувајте камерата за проверка на екстремни температури или осцилации во температурата. На пр. не ги оставајте долго време во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете ја камерата за проверка најпрво да се аклиматизира, пред да ја ставите во употреба.