Зачувување/пренесување на снимки
При вметната Micro-SD-картичка (20) фотографиите и видеата се зачувуваат на картичката.
Без Micro-SD-картичка, фотографиите се зачувуваат во внатрешната меморија на камерата за проверка, видео снимките не се можни.
Режим на фотографии: притиснете го копчето за фотографирање/снимање видео (12), за да направите фотографија од актуелниот приказ на екранот.
Режим на видеа: за да започнете снимање на видео, притиснете го копчето фотографирање/снимање видео (12), за прекинување, притиснете го копчето фотографирање/снимање видео (12) или средното копче (9).
Префрлањето помеѓу режимот на фотографија и видео се врши преку <Глав.мени>.
- Префрлете ги датотеките со фотографии од внатрешната меморија на Micro-SD-картичката (20): со вметнување на Micro-SD-картичката (20) на екранот се појавува прашање, дали податоците зачувани во внатрешната меморија на камерата за проверка треба да се пренесат на Micro-SD-картичката.
- Префрлете ги датотеките со фотографии од внатрешната меморија преку USB Type‑C®: Преносот е возможен само ако не е вметната, Micro-SD-картичка (20) во камерата за проверка.
- Пренесувајте датотеки од Micro-SD-картичката (20): можете или да ги префрлите датотеките од вметнатата Micro-SD-картичка (20) преку USB Type‑C® или извадете ја Micro-SD-картичката (20) и вметнете друг уред.
За пренос на податоци преку USB Type-C®, вклучете ја камерата за проверка. Отворете го поклопецот на USB Type-C®-портата (17). Поврзете ја USB Type-C®-портата со USB Type‑C®-кабел (19) со вашиот компјутер.
На вашиот компјутер отворете го пребарувачот за податоци и изберете ја податочната единица за пренос на датотеките. Името на податочната единица гласи:
- ако не е вметната Micro-SD-картичка во камерата за проверка: Bosch_GIC
- ако во камерата за проверка е вметната Micro-SD-картичка без именување: стандардно именување на USB-податочната единица
- ако во камерата за проверка е вметната Micro-SD-картичка со именување: име на Micro-SD-картичката
Зачуваните датотеки може да се ископираат, поместат или избришат од внатрешната меморија или од Micro-SD-картичката на камерата за проверка на вашиот компјутер.
Штом е завршена саканата постапка, нормално извадете ја податочната единица.
Напомена: секогаш прво одјавете ја податочната единица од оперативниот систем на компјутерот (извади ја податочната единица), бидејќи во спротивно може да се оштети внатрешната меморија на камерата за проверка.
Отстранете го USB Type-C® кабелот (камерата за проверка автоматски се исклучува). Затворете го горниот поклопец (16) за заштита од прав и вода.
Напомена: поврзете ја камерата за проверка со компјутер само преку USB Type-C® интерфејсот. Камерата за проверка може да се оштети доколку ја приклучите на други уреди.
Напомена: USB Type-C® конекторот служи исклучиво за пренос на податоци, а батерии или други уреди не можат да се полнат преку него.