Ставање во употреба

GOF 1250 LCE: Откако ќе се приклучи на мрежното напојување, светлечкиот прстен (3) непрекинато свети заради осветлување на површината на делот што се обработува.

Ставете ја батеријата види Менување на батерија (GOF 1250 LCE) (види слика M). Кај некои модели батеријата е веќе вметната. Извадете ја пломбата на батеријата, за да ја активирате.

Со копчето (17) поставете ја саканата мерна единица.

Со вртливото копче на бројот на вртежи (28) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.

1−2

Низок број на вртежи

3−4

Среден број на вртежи

5−6

Висок број на вртежи

Прикажаните вредности во табелата се референтни вредности. Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

Материјал

Дијаметар на глодалката [mm]

Позиција на вртливото копче за подесување

Цврсто дрво (бука)

4–10
12–20
22–40

5–6
3–4
1–2

Меко дрво (бор)

4–10
12–20
22–40

5–6
3–6
1–3

Иверки

4–10
12–20
22–40

3–6
2–4
1–3

Пластика

4–15
16–40

2–3
1–2

Алуминиум

4–15
16–40

1–2
1

По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

Пред вклучувањето, поставете ја длабочината на глодање.

За Вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (29) и држете го притиснат.

За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (29) притиснете го копчето за (2).

За да го исклучите, електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (29) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (2) кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (29) и потоа отпуштете го.

Константната електроника држи постојан број на вртежи при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.

Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот момент при вклучување и го зголемува рокот на траење на моторот.

Заштитата при преоптоварување, при екстремно преоптоварување го спречува преголемиот довод на струја. Ова може да доведе до намалување на бројот на вртежи на моторот и излезната јачина, а во екстремни случаи и до запирање на моторот.

По растеретувањето на електричниот апарат, моторот веднаш стартува со висок број на работни вртежи.

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на доводот на струја.

За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (29) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат.

Ресетирањето на лостот за деблокирање (23) се врши веднаш по отпуштањето. За подобра сила на држење, лостот за деблокирање (23) мора да се повлече до крај. По потреба, силата на држење може дополнително да се подеси. Ставете внатрешен шестаголен клуч (4 mm) во отворот на рачката. За зголемување на силата на држење, свртете го шестаголниот внатрешен клуч во правец на стрелките од часовникот, а за намалување на силата на држење во правец спротивен на стрелките од часовникот.