Ставање во употреба

Металните површини се фабрички обложени со слој против корозија. Овој заштитен слој испарува кога уредот се користи за прв пат.

Пиштолот со топол воздух може да има промена на бојата на млазницата (1) како резултат на процесот на производство. Притоа не се работи за оштетување и не се нарушува функцијата на дувалката за топол воздух.

Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) нагоре.

Контрола на термичка заштита: При прегревање (на пр. при насобирање на воздух или мал довод на воздух) дувалката за топол воздух автоматски го исклучува греењето и се прикажува ознаката за контрола на термичка заштита (7) на екранот. Сепак, вентилаторот продолжува да работи. Откако ќе се излади дувалката за топол воздух на работна температура, греењето автоматски повторно ќе се вклучи.

Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) надолу во позиција 0.

  • По подолго работење, оставете ја дувалката за топол воздух со висока температура да се излади пред исклучување. За тоа оставете ја кратко време да работи со најниската подеслива температура.

Со прекинувачот за вклучување/исклучување (4) можете да ја регулирате количината на воздух на различни степени:

Степен

Позиција на прекинувач

l/min

°C

Степен на ладење

150

50

Степен на работа 1

150–300

50–630

Степен на работа 2

300–500

50–630

Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.

Намалете ја количината на воздухот на пр. доколку околината на делот што се обработува не треба прекумерно да се загрее или доколку треба да се помести лесен дел за обработка со помош на воздушна струја.

Во степенот на ладење, температурата е фиксирана на 50 °C. Температурата може да се регулира во двата степени на работа.

Со промената на степенот на ладење во еден од степените на работа, повторно се повикува последната поставена температура.

Поставената температура се прикажува екранот (13).

За да се зголеми температурата, притиснете на копчето (12) на +, а за да се намали, притиснете на .

Кратко притискање на копчето (12) ја зголемува одн. намалува температурата за 10 °C. Подолго притискање на копчето континуирано ја зголемува одн. намалува температурата за 10 °C, додека не се отпушти копчето или додека не се постигне максималната одн. минималната температура.

Поставената зададена температура се прикажува 3 s на екранот. Додека не се постигне зададената температура, се прикажува фактичка температура на излезот од млазниците и мерната единица за температурата (6) трепка. Ако е постигната зададената температура, мерната единица за температурата веќе не трепка.

  • Кога ја намалувате температурата, потребно е кратко време додека да се олади дувалката за топол воздух.

Степенот на ладење е наменет за ладење на загреан дел што се обработува или за сушење боја. Тој исто така е погоден за ладење на дувалката за топол воздух пред неговото одложување или замена на приклучните млазници.

Во степенот на ладење можете да ја поставите количината на воздух во 10 чекори меѓу 150 и 300 l/min. Во степенот на работа можете да ја поставите количината на воздух во 10 чекори меѓу 150 и 500 l/min.

Алтернативно можете да ги користите зачуваните комбинации на количина на воздух/температура види Зачувување на комбинациите на количина на воздух/температура (GHG 23-66).

Поставената количина на воздух се прикажува со десет сегменти на лентата (9) во долниот дел на екранот.

Степен

Позиција на прекинувач

l/min

°C

Степен на ладење

150–300

50–100A)

Степен на работа

150–500

50–650

A)

Температурата се поставува автоматски во опсег од 50–100 °C во зависност од избраниот проток на воздух.

За да го регулирате протокот на воздух, притиснете прво на копчето на вентилаторот (10). Ознаката за вентилатор (8) трепка на екранот. Сега со копчето (12) можете да го поставите протокот на воздух.

За да се зголеми температурата, притиснете на копчето (12) на +, а за да се намали притиснете на .

Ако сакате повторно да ја подесите температурата со копчето (12), одново притиснете на копчето на вентилаторот (10). Ознаката за вентилатор (8) веќе не трепка на екранот.

Ако од степенот на ладење смените на степен на работа, ќе се постави последно користената комбинација на количина на воздух/температура во степенот на работа.

Намалете ја количината на воздухот на пр. доколку околината на делот што се обработува не треба прекумерно да се загрее или доколку треба да се помести лесен дел за обработка со помош на воздушна струја.

Во степенот на ладење температурата автоматски се поставува помеѓу 50 °C и 100 °C. Во степенот на работа може да се утврди температура помеѓу 50 °C и 650 °C.

Алтернативно можете да ги користите зачуваните комбинации на количина на воздух/температура види Зачувување на комбинациите на количина на воздух/температура (GHG 23-66).

Поставената температура се прикажува екранот (13).

За да се зголеми температурата, притиснете на копчето (12) на +, а за да се намали, притиснете на .

Кратко притискање на копчето (12) ја зголемува одн. намалува температурата за 10 °C. Подолго притискање на копчето континуирано ја зголемува одн. намалува температурата за 10 °C, додека не се отпушти копчето или додека не се постигне максималната одн. минималната температура.

Поставената зададена температура се прикажува 3 s на екранот. Додека не се постигне зададената температура, се прикажува фактичка температура на излезот од млазниците и мерната единица за температурата (6) трепка. Ако е постигната зададената температура, мерната единица за температурата веќе не трепка.

  • Кога ја намалувате температурата, потребно е кратко време додека да се олади дувалката за топол воздух.

Степенот на ладење е наменет за ладење на загреан дел што се обработува или за сушење боја. Тој исто така е погоден за ладење на дувалката за топол воздух пред неговото одложување или замена на приклучните млазници.

Можете да зачувате 4 комбинации на проток на воздух/температура или да се отворат 4 фабрички зачувани комбинации.

За тоа прекинувачот за вклучување/исклучување (4) мора да е на степенот на работа.

Фабричка поставка

Меморија

°C

l/min

Примена

1

250

350

Преобликување пластични цевки

2

350

400

Заварување пластика

3

450

500

Отстранување лак

4

550

400

Меко лемење

За да се повика комбинација, притискајте на копчето за зачувување (11) додека не се покаже саканиот број на приказот (5).

Зачувување сопствена комбинација:

  • Со притискање на копчето за зачувување (11) изберете ја саканата меморија.
  • Поставете ја саканата температура и проток на воздух. Меморијата (5) трепка за да прикаже дека зачуваната комбинација е променета.
  • Притиснете на копчето за зачувување (11) и држете го притиснато. Меморијата (5) трепка околу 2 s. Штом постојано свети, новата комбинација е зачувана.