Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
- Пред вклучување на мерниот уред, проверете полето на сензорот (11) да не е влажно. Доколку е влажно, исушете го мерниот уред со крпа.
- Доколку мерниот уред бил изложен на големи температурни разлики, оставете го да се прилагоди на температурата пред да го вклучите.
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување/исклучување (7).
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете на копчето за вклучување/исклучување (7).
Доколку околу 5 мин. не се притисне копче на мерниот уред и не се откриени никакви предмети, мерниот уред автоматски се исклучува.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето за сигнален тон (6) може да го вклучите и исклучите сигналниот тон.