Функции на поврзување
За да може да ги користите функциите на поврзување, прво мора да инсталирате – специфична – апликација во зависност од крајниот уред.
- Преземете ја апликацијата преку соодветниот App Store (Apple App Store, Google Play Store).
Напомена: потребен е кориснички профил кај соодветниот App Store.
Име на апликација | iOS | Android |
---|---|---|
Bosch Toolbox |
Име на апликација | ||
---|---|---|
Bosch BeConnected |
- Потоа во апликацијата изберете ја потточката MyTools или Connectivity.
- Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите понатамошни чекори за поврзување на електричниот уред со крајниот уред.
Вградениот Bluetooth® Low Energy модул испраќа сигнал во редовни интервали. Во зависност од околината, може да се потребни повеќе интервали за испраќање, пред да се препознае електричниот алат. Доколку електричниот алат не се препознае, проверете го следново:
- Дали растојанието до мобилниот уред е преголемо?
Намалете го растојанието меѓу мобилниот уред и електричниот алат. - Дали копчестата батерија на вградениот Bluetooth® Low Energy модул е преслаба или празна?
За замена на копчестата батерија обратете се во овластена сервисна служба за Bosch електрични алати. - На мобилниот уред исклучете го Bluetooth® и повторно вклучете го.
Проверете дали сега се препознава електричниот алат.
Во поврзување со Bluetooth® Low Energy модулот на располагање ги имате следните Connectivity-функции за електричниот алат:
- Регистрирање и персонализирање
- Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
- Општи информации и подесувања
- Управување
- Прилагодување на Bluetooth®-Поставки за пренос за режимот на работење Favorite