Ставање во употреба
За вклучување на камерата за проверка притиснете на копчето за вклучување-исклучување (6) или средното копче (9).
Напомена: Доколку кабелот за камерата не е монтиран при вклучувањето, екранот покажува порака за грешка.
За исклучување на камерата за проверка, одново притиснете го копчето за вклучување-исклучување (6) додека не се изгаси екранот.
Ако некое време не се притисне копче на камерата за проверка, таа автоматски се исклучува за заштита на акумулаторската батерија. Времето на исклучување може да го одредите во главното мени.