Безбедносни напомени за батериската светилка

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Не ја принесувајте батериската светилка во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетот на батериската светилка создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите и медицинските уреди.