Совети при работењето

Кратко пред да се исклучи батериската светилка поради празна батерија, таа трепнува три пати и светне со намалена осветленост.

Соодветно на употребата, главата на светилката (1) може да се навали до 200°.

Можни употреби се на пример:

  • осветлување на просторијата
  • осветлување на работниот простор без отсјај
  • осветлување на подот

Напомена: ако наклонот е повеќе од 90°, батериската светилка мора да се фиксира.

Со куките за закачување (7) можете да ја прицврстите батериската светилка на предмет.

Со куките за прицврстување (4) можете да ја прикачите батериската светилка на пример на јаже или појас.

Со магнетите  (6) можете да ја прикачите батериската светилка на материјали што се магнетизираат.

  • Држете ги прстите подалеку од задниот дел на држачот кога ја прикачувате батериската светилка на површини. Силното влечење на магнетите може да ви ги свитка прстите.

При фиксирање, внимавајте да избегнете гребнатини на чувствителните површини.

Со прифатот за статив (8) може да ја завртите батериската светилка на 1/4"-статив.

Завртете ја батериската светилка со завртка за фиксирање на стативот. Внимавајте стативот да биде безбедно поставен.