Ставање во употреба

За ставање во употреба на батериската светилка, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9).

За да ја исклучите батериската светилка, одново притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9).

Кратко притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (9), за да ја вклучите батериската светилка со максимална осветленост. За подесување на осветленоста во 2 степени, држете го притиснат прекинувачот за вклучување/исклучување (9), додека не се постигне саканата осветленост.

При пречекорување на дозволената оперативна температура, батериската светилка се исклучува. Оставете ја батериската светилка да се олади и повторно вклучете ја.