Вадење/вметнување на пред-филтерот

Пред-филтерот (22) ја задржува грубата нечистотија и со тоа го зголемува животниот век на главниот филтер. Мора да го извадите пред-филтерот од садот, ако сакате да го исчистите главниот филтер.

Фатете го пред-филтерот (22) за рачката (28) за лесно да го извадите.

Вадење на пред-филтерот (види слика D1)

  • Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
  • Извадете го пред-филтерот (22) со помош на рачката (28) од садот (7).

Вметнување на пред-филтер (види слика D2)

  • Вметнете го пред-филтерот (22) со стрелките во правец на прифатот за црево (3) во садот (7).
  • Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).