Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

  • За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и држете го притиснат.
  • За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (5) притиснете го копчето за фиксирање (4).
  • За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (4), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и потоа отпуштете го.

На ниски температури електричниот алат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на удари. Ова стартно време може да го скратите, така што алатот што е вметнат во електричниот апарат ќе го притиснете еднаш на подот.

Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock) (види слика C)

Длетото може да го фиксирате во 12 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.

  • Ставете го длетото во прифатот за алат.
  • Притиснете го прстенот за подесување на длетото (3) нанапред и со помош на прстенот за подесување (3) свртете го длетото во саканата позиција.
  • Отпуштете го прстенот за подесување на длетото (3) и вртете го длетото додека не се вклопи.