Проверка на точноста
Редовно проверувајте ја точноста на мерењето на оддалеченост и точноста на мерење косини (GLM 50-23 G).
Проверка на точноста на мерењето на растојание
За проверка на точноста, мерењето треба да се врши при поволни услови, т.е. мерното подрачје треба да биде поставено во внатрешниот простор и целната површина на мерењето треба да биде мазна и добро да рефлектира (на пр. ѕид обоен во бело).
- Изберете мерно подрачје со должина од околу 3 до 10 m, чија должина точно ја знаете (на пр. ширината на просторијата, отворот на вратата).
- Измерете го подрачјето 10‑пати едно по друго.
- Отстапувањето на поединечните мерења од точно познатата димензија не смее да надмине ±2 mm на целото мерно растојание под поволни услови. Запишувајте ги мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста.
Проверка на точноста и калибрирање на мерењето косини (GLM 50-23 G)
- Поставете го мерниот уред на една маса и измерете ја косината.
- Свртете го мерниот уред за 180° и одново измерете ја косината.
- Разликата помеѓу прикажаните износи смее да изнесува макс. 0,3°.
При големи отстапувања мерниот уред мора одново да се калибрира.
- Притиснете го копчето , за да го отворите менито Основни поставки.
- Изберете и потврдете го изборот со копчето .
- Следете ги упатствата на екранот.
- По големи промени на температурата и по удари, препорачуваме да се изврши проверка на точноста и ев. калибрирање на мерниот уред. По промена на температурата, мерниот уред мора да се прилагоди на нормалната температура некое време пред да се изврши калибрација.