Ставање во употреба
- Извадете ја акумулаторската батерија пред да менувате делови од опремата или доколку долго време не ја користите дувалката за топол воздух. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на дувалката за топол воздух.
Металните површини се фабрички обложени со слој против корозија. Овој заштитен слој испарува кога уредот се користи за прв пат.
Пиштолот со топол воздух може да има промена на бојата на млазницата (1) како резултат на процесот на производство. Притоа не се работи за оштетување и не се нарушува функцијата на дувалката за топол воздух.
Со поставување на степенот на јачина (3) можете да изберете меѓу 2 различни степени на јачина. При префрлање кратко светнува LED-работното светло:
- Степен од 300 °C
Со овој степен на пр. одмрзнување цевки за вода или обработка на термособирачки црева. По вклучувањето оваа температура се достигнува за помалку од 6 s. Со целосно наполнета батерија од 8 Ah времетраењето изнесува до 21 min. - Степен од 500 °C
Со овој степен на пр. може да се отстрани боја.
Податоците за времето на загревање се однесуваат на мерења на собна температура.
За вклучување прво притиснете го прекинувачот за отклучување (4) и потоа прекинувачот за вклучување/исклучување (5). По стартот можете да го отпуштите прекинувачот за отклучување (4), тој (4) не мора да биде притиснат за време на работата.
При стартување на дувалката за топол воздух LED-работното светло (6) се вклучува и го осветлува работниот простор.
Ако батеријата (8) се извади од дувалката за топол воздух при работа и ако повторно се стави при притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (5), заштита од рестартирање ќе се активира. LED-работното светло (6) трепка и дувалката за топол воздух не стартува.
Отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и потоа нормално вклучете ја дувалката.
Ако батеријата (8) станува многу жешка за време на работата, јачината се намалува. LED-работното светло (6) бавно трепка додека е притиснат прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Ако и понатаму се употребува дувалката за топол воздух и сè уште се зголемува температурата на батеријата, дувалката самостојно се исклучува.
Дувалката за топол воздух е компатибилна со сите достапни Bosch Professional акумулаторски батерии од 18 V.
При работење на дувалката за топол воздух со батерии помали од препорачаните 4 Ah, дувалката не ја достигнува целосната моќност на степен од 500 °C (температурата не се достигнува и количината на воздух се намалува). За да се прикаже дека дувалката работи со намалена јачина, LED-работното светло (6) повеќепати бавно трепка при вклучување.
LED-работното светло (6) се користи и како статусен LED приказ .
Повратна порака преку LED | Опис на настаните |
---|---|
кратко трепнување | Промена на температурата |
повеќекратно трепкање при стартување на дувалката за топол воздух | намалена јачина (употреба на батерија < 4 Ah) |
Бавно трепкање, додека е притиснат прекинувачот за вклучување/исклучување (5) | Заштита од рестартирање |
Заштита од прегревање на батеријата | |
Брзо трепкање, додека е притиснат прекинувачот за вклучување/исклучување (5) | Интерна грешка |
Ако постојано се прикажува интерна грешка на дувалката за топол воздух (дувалката не стартува или се исклучува), обратете се кај сервисната служба.