Примери за работа (види слики A–C)
Слики со примери за работењето може да најдете на графичките страници.
Растојанието на млазниците до делот што се обработува зависи од материјалот што се обработува (метал, пластика итн.) и наменетиот вид на обработка.
Оптималната температура за односната примена може да се одреди со практичен обид.
Секогаш прво направете тест на количината на воздух и температурата. Секогаш започнувајте со поголемо растојание и понизок степен на јачина. По потреба прилагодете го растојанието и степенот на јачина.
Доколку не сте сигурни каков материјал обработувате или какво е влијанието на топлиот воздух врз материјалот, тогаш тестирајте го влијанието на покриено место.
Кај сите работни примери можете да работите без опрема. Употребата на предложените делови од опремата, сепак, ја поедноставува работата и значително го зголемува квалитетот на резултатот.
За оваа дувалка за топол воздух можете да ги користите сите млазници, коишто се достапни кај Bosch како опрема.
- Внимание при промена на млазниците! Не ја допирајте врелата млазница. Оставете ја дувалката да се олади и носете ракавици при промената. Можете да се изгорите на жешките млазници.
Поставете ја плоснатата млазница (11). Омекнете ја бојата накратко со топол воздух и извадете ја со чиста шпатула. Долгото изложување на топлина ја согорува бојата и го отежнува отстранувањето.
Многу лепила омекнуваат кога се изложени на топлина. Кога лепилото се загрева, можете да ги одделите спојниците или да го отстраните вишокот лепило.
- Пред загревањето проверете, дали всушност се работи за водовод. Водоводите честопати не може да се разликуваат од гасоводите по надворешниот изглед. Гасоводите не смеат да се загреваат во никој случај.
Поставете ја аголната млазница (12). По можност загревајте ги замрзнатите делови од одводот кон влезот.
Пластичните цевки и споевите помеѓу деловите од цевката треба да се загреваат со особена претпазливост, за да се избегнат оштетувања.