Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.

Ознаки и нивно значење

Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда.

Носете маска за заштита од прав.

Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.

Носете заштитни очила.

‎3 601 M44 000
‎3 601 M44 0K0
‎3 601 M44 040

‎3 601 M44 0B0

Внимавајте на димензиите на сечилото за пила. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со листот за пилата користете ги испорачаните редуцирни делови.

Дијаметарот на сечилото за пила мора да одговара на податоците на ознаката.

‎3 601 M44 000
‎3 601 M44 0K0
‎3 601 M44 040

a Дијаметарот на сечилото за пила треба максимално да изнесува 216 mm.

b При менување на сечилото за пилата внимавајте ширината на резот да не е помала од 1,7 mm и дебелината на сечилото да не е поголема од 1,5 mm. Инаку постои опасност, клинот за разделување да се заглави во делот што се обработува.

c Дебелината на клинот за расцепување изнесува 1,6 mm.

d Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пилата) мора да се совпаѓа со правецот на стрелката на клинот за разделување.

‎3 601 M44 0B0

a Дијаметарот на сечилото за пила треба максимално да изнесува 216 mm.

b При менување на сечилото за пилата внимавајте ширината на резот да не е помала од 2,3 mm и дебелината на сечилото да не е поголема од 2,1 mm. Инаку постои опасност, клинот за разделување да се заглави во делот што се обработува.

c Дебелината на клинот за расцепување изнесува 2,2 mm.

d Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пилата) мора да се совпаѓа со правецот на стрелката на клинот за разделување.

‎3 601 M44 000
‎3 601 M44 0K0
‎3 601 M44 040

Дебелината на клинот за разделување изнесува 1,6 mm.

Максималната можна висина на делот што се обработува изнесува 70 mm.

‎3 601 M44 0B0

Дебелината на клинот за разделување изнесува 2,2 mm.

Максималната можна висина на делот што се обработува изнесува 70 mm.

Лева страна:
Го покажува правецот на вртење на курблата за спуштање (транспортна позиција) и подигање (работна позиција) на сечилото за пилата.

Десна страна:
Ја прикажува позицијата на лостот за блокада при фиксирање на сечилото за пила и при поставување на вертикалниот агол на закосување (подесливо сечило за пила).

Со CE-ознаката производителот потврдува дека електричниот алат е во согласност со важечките ЕU-директиви.