Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење | |
---|---|
Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда. | |
Носете маска за заштита од прав. | |
Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот. | |
Носете заштитни очила. | |
3 601 M42 001 3 601 M42 0B1 | Внимавајте на димензиите на сечилото за пила. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со листот за пилата користете ги испорачаните редуцирни делови. Дијаметарот на сечилото за пила мора да одговара на податоците на ознаката. |
a Дијаметарот на сечилото за пила треба максимално да изнесува 216 mm. b При менување на сечилото за пилата внимавајте ширината на резот да не е помала од 2,3 mm и дебелината на основното сечило да не е поголема од 2,1 mm. Инаку постои опасност, клинот за разделување да се заглави во делот што се обработува. c Дебелината на клинот за расцепување изнесува 2,2 mm. d Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пилата) мора да се совпаѓа со правецот на стрелката на клинот за разделување. | |
Дебелината на клинот за разделување изнесува 2,2 mm. Максималната можна висина на делот што се обработува изнесува 70 mm. | |
Лева страна: Десна страна: | |
Електричните алати од заштитната класа II се зајакнати и двојно изолирани. | |
Со CE-ознаката производителот потврдува дека електричниот алат е во согласност со важечките ЕU-директиви. |