Складирање и транспорт
Чување на елементите на уредот (види слики O1–O2)
Електричниот алат Ви нуди можност сигурно да ги прицврстите елементите на уредот при чување.
- Олабавете го дополнителниот паралелен граничник (41) од паралелниот граничник (5).
- Сите олабавени делови на уредот ставете ги во депото за чување на куќиштето (види долунаведена табела).
Елемент на уредот |
Депо за чување |
---|---|
Паралелен граничник (5) |
свртете го, закачете го од долу во шините-водилки и фиксирајте ја затегнувачката дршка (39) |
Подвижна водечка летва (12) | вметнете ја во депото (68) |
Заштитен поклопец (3) | закачете го во делот на држачот (11) и затегнете со затезниот лост (37) |
Клуч со внатрешна шестаголна глава (10) | вметнете ја во депото (69) |
Прстенестиот клуч (9) | вметнете го во депото (70) |
Аголен граничник (2) | вметнете го во депото (7) |
Дополнителен паралелен граничник (41) | вметнете го во жлебот на задниот дел од паралелниот граничник (5) затегнете го со помош на пеперутка-завртката. |
Носење на електричниот алат
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:
- Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
- Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате. - Притиснете на проширувањето на масата за сечење (6) целосно навнатре и притиснете на затезната дршка (13) за фиксирање надолу.
- Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел (26).
- За подигање или транспорт користете ги рачките за носење (27).
- За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.