Совети при работењето
- При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека сечилото за пила во ниеден момент нема да ги допре граничниците или другите делови на уредот.
- Користете го електричниот алат за правење жлебови или засеци само со соодветен заштитен уред (на пр. тунелска заштитна хауба, притисен чешел).
- Не го користете електричниот алат за правење процепи (жлеб што завршува во делот што се обработува).
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Клинот за расцепување мора да биде во права линија со сечилото за пила, за да се избегне заглавување на делот што се обработува.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се обработува мора да има секогаш прав раб за поставување на паралелниот граничник.
Секогаш чувајте ја водечката летва на електричниот алат.
- Никогаш не стојте директно во линија со сечилото. Секогаш позиционирајте го телото на иста страна со сечилото, како паралелниот граничник. Одбивањето може да го насочи делот што се обработува во близина на лице кое стои пред и во иста линија со сечилото.
- Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкото сечило за пила.
Притоа внимавајте на следниве напомени:
- Предметот за обработка држете го безбедно со двете раце и цврсто притиснете го на столот на пилата.
- За тесни делови за обработка и за сечење на вертикални агли на закосување секогаш користете ја испорачаната подвижна водечка летва (12) и дополнителниот паралелен граничник (41).