Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.
- Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
- Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во состојба на мирување.
- Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
- За да ја избегнете опасноста од пожар при сечење на алуминиум, испразнете го долниот поклопец за сечилото за пила и не користете всисувач на струготини.
За отстранување на искршените парчиња на делот што се обработува и големите струготини можете да го отворите долниот поклопец на сечилото за пила (44).
- Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
- Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде во состојба на мирување.
- Електричниот алат навалете го на страна.
- Отворете ја подната решетка (31) (види слика a).
- Полека извлечете ги јазичињата (45) на поклопецот на сечилото за пила и отворете го долниот поклопец на сечилото за пилата (44).
- Отстранете ги искршените делови од делот што се обработува и струготините.
- Затворете го повтроно долниот поклопец на сечило за пила (44), сѐ додека јазичињата (45) не се вклопат.
- Затворете ја подната решетка (31).
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.