Обем на испорака
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани:
- Столна тркалезна пила со монтирано сечило за пила (24) и клин за расцепување (4)
- Аголен граничник (2)
- Паралелен граничник (5)
- Дополнителен паралелен граничник (41)
- Сет за прицврстување „Дополнителен паралелен граничник“ (42) (2 завртки за прицврстување, 2 подлошки, 2 пеперутка-навртки)
- Заштитен поклопец (3)
- Клуч со внатрешна шестаголна глава (10)
- Прстенест клуч (9) со шилест плоснат одвртувач
- Подвижна водечка летва (12)
- Додаток за маса (23)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.