Ставање во употреба

Со прекинувач за запирање на вртењето (5) изберете го начинот на работа на електричниот алат.

  • За промена на режимот на работа свртете го прекинувачот за запирање на вртежи (5) во саканата позиција.

Напомена: Променете го режимот на работа само доколку електричниот алат е исклучен! Инаку електричниот алат може да се оштети.

Напомена: Ако се префрлите на друг режим на работа додека прекинувачот за вклучување/исклучување е блокиран, електричниот алат ќе се исклучи.

Позиција за ударно дупчење
Доколку алатот за вметнување веднаш не се врти, полека движете го електричниот алат, додека не почне и алатот за вметнување да се врти.

Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото

Позиција за Длетување

  • По можност, олабавете го копчето за фиксирање (7) за прекинувачот за вклучување/исклучување.
  • За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (9).

Работното светло (11) при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (9) овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.

  • За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9).

На ниски температури електричниот апарат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на удари.

Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (9).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (9) се постигнува мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.

Бројот на вртежи може да го регулирате преку корисничкиот интерфејс одн. преку апликацијата на паметниот телефон.

Длетото може да го фиксирате во 16 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.

  • Ставете го длетото во прифатот за алат.
  • Свртете го прекинувачот за запирање на вртењето (5) во позиција „Vario-Lock“.
  • Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување.
  • Свртете го прекинувачот за запирање на вртењето (5) во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе се фиксира.

За подолго време да длетувате без постојано да го притискате прекинувачот за вклучување/исклучување (9), заклучете го прекинувачот за вклучување/исклучување во начинот на работење „Длетување “.

  • За фиксирање притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (9) до крај и притиснете истовремено на копчето за фиксирање (7).
  • За исклучување повторно притиснете на копчето за фиксирање (7).