Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите може да биде штетна за здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени видови прав се сметаат за канцерогени.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен всисувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Надворешно всисување (види слика I)
Поставете го цревото за всисување (20) со адаптер во млазниците за всисување (15). Поврзете го цревото за всисување со всисувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова упатство.
Електричниот алат може да се приклучи директно на приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе автоматски стартува при вклучување на електричниот алат.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.