Монтажа и затегнување на пилата
- Не поврзувајте го електричниот алат во струјната мрежа додека не е целосно склопен.
- Секогаш носете заштитни очила кога работите на пилата или со неа.
Монтажа на сечило и ланец на пилата (види слики A–C)
- Внимателно отпакувајте ги сите делови.
- Поставете го електричниот алат на рамна површина.
- Ставете го ланецот на пилата (8) во периферниот жлеб на сечилото (9). Притоа внимавајте на правилната насоката на движење; за тоа споредете го ланецот на пилата со симболот со насоката на движење (16).
- Бидете сигурни дека затезното тркало (13) се наоѓа во позиција –.
- Ставете го движачот на ланец околу запчаникот (17) и ставете го сечилото (9)на болцните за прицврстување (18).
Напомена: при прва монтажа болцните (21) мора да влезат во монтажната дупка на сечилото (9), којашто е најдалеку оддалечена од запчаникот (17)(види слика A). - Проверете дали сите делови се добро поставени и држете го сечилото со ланецот за пила во оваа позиција. Потоа свртете го затезното тркало (13) во правец +, додека ланецот делумно не се затегне и не се монтира на сечилото.
- Повторно ставете го капакот (12).
- Цврсто затегнете го капакот (12)со копчето за подесување (11).
- Ланецот на пилата сѐ уште не е целосно затегнат. Затегнувањето на ланецот се врши како што е опишано во делот „Затегнувањето на ланецот на пилата“.
Затегнувањето на ланецот на пилата (види слика D)
Пред почнување со работата, по првите чекори и редовно на секои 10 минути проверувајте го затегнувањето на ланецот. Особено кај нови ланци, секогаш сметајте на зголемена експанзија на почетокот.
Работниот век на ланецот претежно зависи од правилното затегнување.
Не затегнувајте го ланецот ако е многу загреан, бидејќи тој по ладењето се собира и тогаш може да лежи многу затегнато на сечилото.
- Поставете го електричниот алат на рамна површина.
- Свртете го копчето за подесување (11) во правец , за да го олабавите фиксирањето на сечилото.
- Проверете дали движачот на ланец е правилно налегнат во водечкиот процеп на сечилото (9)и на запчаникот (17).
- Свртете го затезното тркало (13) во правец +, додека не се постигне правилното затегнување на ланецот. Механизмот за заклучување го спречува олабавувањето на затегнатоста на ланецот. Ако затезното тркало (13) тешко се движи, морате дополнително да го олабавите копчето за подесување (11)во правец . Копчето за подесување (11) смее да се врти, кога се подесува затезното тркало (13). Може да се потребни две раце, за да се задржи копчето за подесување (11) во позиција, додека го подесувате затезното тркало (13).
- Ланецот на пилата (8) е правилно затегнат, ако во средината може да се подигне за околу 3–4 mm. Ова треба да се направи со едната рака со повлекување на ланецот на пилата против мртвата тежина на електричниот алат.
- Ако ланецот на пилата (8) е премногу затегнат, свртете го затезното тркало (13) во правец –.
- При затегнат ланец на пилата (8) затегнете го сечилото (9)со вртење на копчето за подесување (11) во правец . Притоа не користете алат.