Подесување на вертикалниот агол на закосување
За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
Вертикалниот агол на закосување може да се подеси во граници од 47° (на левата страна) до 47° (на десната страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, постојат граничници за агли од 0°, 47°, 45°, 33,9° и 22,5°.
- При вертикално сечење со закосување и користење на SDS-болцни (32), пред сечењето, со помош на соодветно подесување на граничникот за длабочина (42) , мора да се осигурите дека SDS-болцните во ниеден момент нема да се допираат до површината на делот што се обработува. На тој начин се спречува оштетување на SDS-болцните и/или делот за обработка.
Вертикалниот агол на закосување може да се подеси во граници од 47° (на левата страна) до 47° (на десната страна).
- Извлечете го граничникот (45) целосно нанапред.
Притоа можете да го користите целиот опсег на аголот на закосување (лево и десно). - Извлечете ја десната подеслива гранична водилка (2) целосно нанадвор одн. целосно отстранете ја.
Доколку сакате да го користите целото подрачје на аголот на закосување, мора целосно да ја извлечете нанадвор левата подеслива гранична водилка (2) одн. целосно да ја отстраните. - Олабавете го затезниот лост (8).
- Навалете ја рачката на алатот со дршката (13) кон лево или десно сè додека агломерот (44) или (5) не го покажува посакуваниот агол на закосување.
- Повторно затегнете го затезниот лост (8).
- Олабавете го затезниот лост (8).
- Стандарден агол на закосување 0°:
навалете го кракот на алатот на рачката (13) малку налево и притиснете го граничникот (45) целосно наназад.
Стандарден агол на закосување 47°, 45°, 33,9° и 22,5°:
свртете го граничникот додека саканиот стандарден вертикален агол на закосување не се вклопи на ознаката за стрелка. - Повторно затегнете го затезниот лост (8).