Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење | |
---|---|
Ласерски зрак | |
Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда. | |
Носете маска за заштита од прав. | |
Носете заштитни очила. | |
Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот. | |
Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона. | |
Внимавајте на димензиите на сечилото за пила. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Не користете адаптери или редуктори. | |
При менување на сечилото за пила внимавајте ширината на резот да не е помала од 2,0 mm и дебелината на основното сечило да не е поголема од 2,0 mm. Инаку постои опасност, клинот за разделување (2,0 mm) да се заглави во делот што се обработува. Кога се користи комбинираната пила како столна тркалезна пила, максималната висина на работното парче е 51 mm. | |
Симбол на држачот (11) за навалување и заклучување на осцилаторниот заштитен капак | |
Симбол за користење на комбинираната пила како пила за скратување и сечење под агол | |
Симбол за користење на комбинираната пила како столна тркалезна пила |