Подесување на закосениот агол

За правење на прецизни резови, по интензивно користење на електричниот алат мора да проверите во основните поставки и евентуално да го подесите (види „Проверка и подесување на основните поставки“).

Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање (25) пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува.

За брзо и прецизно подесување на често користени агли на закосување, на масата за пила има жлебови (27):

лево

десно

45°; 31,6°; 22,5°; 15°

15°; 22,5°; 31,6°; 45°

  • Отпуштете го копчето за фиксирање (25), доколку е затегнато.
  • Повлечете го лостот (26) и свртете ја масата за пила (22) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
  • Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.

Хоризонталниот агол на закосување може да се подеси во граници од 48° (на левата страна) до 48° (на десната страна).

  • Отпуштете го копчето за фиксирање (25), доколку е затегнато.
  • Повлечете ја рачката (26) и истовремено притиснете ја стегата за фиксирање (45), додека таа не се вклопи во жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за пила ќе биде слободно подвижна.
  • Свртете ја масата за пила (22) со копчето за фиксирање кон лево или десно и со помош на скалата за фино подесување (46) поставете го саканиот агол на закосување.
  • Повторно затегнете го копчето за фиксирање (25).

Со скалата за фино подесување (46) може да го поставите хоризонталниот агол на закосување со точност од ¼°.

саканото поставување на излезниот агол X

Ознака на скалата за фино подесување (Скала (46))

усогласете со ознаката (Скала (23))

X,25°

¼°

X + 1°

X,5°

½°

X + 2°

X,75°

¾°

X + 3°

Пример: За да поставите агол на закосување од 40,5°, мора да ја усогласите ознаката ½° на скалата за фино подесување (46) со ознаката 42° на скалата (23).

За брзо и прецизно подесување на често користени агли на закосување, предвидени се граничници за аголот 0°, 45° и 33,9°.

  • Целосно извлечете ја граничната водилка (31) нанадвор.
  • Олабавете ја затегнувачката рачка (37).
  • Стандарден агол 0° и 45°:
    навалете ја рачката на алатот со дршката (18) до крај кон десно (0°) или до крај кон лево (45°).
  • Стандарден агол 33,9°:
    притиснете ги болцната-граничник (33) целосно навнатре. Потоа навалете ја рачката на алатот со дршката (18) додека болцната не лежи на завртката-граничник (32).
  • Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката рачка (37).

Вертикалниот агол на закосување може да се постави во граници од –2° до +47°.

  • Целосно извлечете ја граничната водилка (31) нанадвор.
  • Олабавете ја затегнувачката рачка (37).
  • Навалете ја на рачката на алатот со дршката (18) додека агломерот (47) не го прикаже саканиот агол на закосување.
  • Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и повторно затегнете ја затегнувачката рачка (37).