Монтажа на поединечните делови
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Залепете го знакот за предупредување за ласер (види слика d)
Електричниот алат се испорачува со знак за предупредување на германски јазик (означено на приказот на електричниот алат на графичката страна со број (40)).
- Пред да го користите уредот за прв пат, врз германскиот текст на знакот за предупредување залепете ја испорачаната налепница на вашиот јазик во земјата.
Отстранување или вметнување на долниот поклопец на сечилото за пила (види слика e)
Долниот поклопец на сечилото за пила (66) за време на работењето на столната тркалезна пила мора да го покрива долниот дел на сечилото на пилата.
Пред употреба како пила за скратување и сечење под агол:
- Отстранете го долниот поклопец на сечилото за пила (66) и турнете го во жлебот на десната страна на паралелниот граничник (61).
- Не фрлајте го долниот поклопец на сечилото за пила! Не е возможно да се ракува со комбинираната пила како столна тркалезна пила без да се вметне долниот поклопец на сечилото за пила!
Пред употреба како столна тркалезна пила:
- Вметнете го долниот поклопец на сечилото за пила (66) во масата за пила (22).
Долниот поклопец на сечилото за пила (66) за време на работењето на столната тркалезна пила мора да го покрива долниот дел на сечилото на пилата.