Замена на алатот
- При ставање и менување на глодалката се препорачува носење на заштитни ракавици.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема Bosch-ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Во зависност од употребената глодалка, пред да ја ставите истата, мора да ја замените навртката за осигурување со затегнувачката чаура (8).
Доколку веќе сте монтирале затегнувачка чаура за алатот за глодање, следете ги работните чекори во следниот дел.
Затегнувачката чаура (16) мора да влезе во навртката за осигурување со малку маневрирање. Навртката за осигурување (8) треба да може лесно да се монтира. Доколку навртката за осигурување или затегнувачката чаура се оштетени, веднаш заменете ги.
Ставете го вилушкастиот клуч (18) на прифатот на алатот (17) (види слика C1).
Одвртете ја навртката за осигурување (8) во правец спротивен на стрелките на часовникот со вилушкаст клуч (19).
Доколку е потребно, пред склопувањето исчистете ги сите монтажни делови со мека четка или со издувување со помош на компресиран воздух.
Ставете ја новата навртка за осигурување на прифатот за алат (17).
Лабаво затегнете ја навртката за осигурување.
- Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура со навртка за осигурување, доколку не е монтирана глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се оштети.
Според примената, глодалките се расположливи во најразлични изведби и квалитет.
Глодалките од висококвалитетен челик за брзо сечење (HSS) се погодни за обработка на меки материјали како на пр. меко дрво и пластика.
Глодалките за сечење на цврст метал (HM) се специјално наменети за цврсти и абразивни материјали како на пр. цврсто дрво и алуминиум.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки.
За процесот на глодање мора да ја монтирате корпата на глодалката (2) повторно на погонската единица (1).
Отворете ја пеперутка-завртката (12) на корпата на глодалката (2).
Ставете ја погонската единица (1) во корпата за глодање (2).
Затворете ја пеперутка-завртката (12) на корпата за глодање (2).
Напомена: пеперутка-завртката (12) и завртката со нарецкана глава (6) може да се заменуваат едни со други.
- По монтажата секогаш проверете, дали погонската единица лежи цврсто во корпата на глодалката.