Подесување на длабочината за глодање
- Подесувањето на длабочината на глодање смее да се врши само доколку електричниот алат е исклучен.
- Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на делот што се обработува.
- Повторно отворете ја пеперутка-завртката (12) на корпата на глодалката (2), за да ја поставите саканата длабочина на глодање со скалата за подесување на длабочината на глодање (15) или со рака или со завртката со нарецкана глава (6).
- Затворете ја пеперутка-завртката (12) на корпата на глодалката (2).
- Проверете го направеното подесување на длабочината на глодање со практичен тест и поправете го доколку е потребно.