Вклучување/исклучување
Повлечете ја заштитата за раце/рачката за активирање на предната сопирачка (4) од позицијата во позицијата во правец на предната рачка (3) (види слика E). Ако не сте ја активирале заштитата за раце/рачката за активирање на предната сопирачка (4) предната сопирачка не се деактивира пред употребата и електричниот алат не стартува.
Извадете ја заштитата за ланец (7).
Држете го електричниот алат како што е опишано во делот „Работа со електричниот алат“.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (14) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете го притиснат.
Ако работи електричниот алат, можете да ја отпуштите блокадата за вклучување.
За да го исклучите, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Напомена: поради безбедносни причини, прекинувачот за вклучување/исклучување (2) не може да се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Напомена: не сопирајте го електричниот алат со притискање на предната сопирачка (4).