Монтирање на заштитен уред
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.
Поставете ја заштитната хауба (5) на грлото на вретеното. Прилагодете ја позицијата на заштитната хауба (5) според потребите на работниот процес и фиксирајте ја заштитната хауба (5) со завртката за фиксирање (6).
- Поставете ја заштитната хауба (5) на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.
- За сечење секогаш користете заштитна хауба за сечење (13) или заштитна хауба за брусење (5) заедно со поклопецот за сечење (24).
- При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (13) се монтира како заштитна хауба за брусење (5).
Поклопец за сечење
Монтирајте го поклопецот за сечење (24) на заштитниот капак за брусење (5) (види слика A): навалете го лостот наназад (➊). Ставете го поклопецот (24) на заштитната хауба за брусење (5) (➋). Цврсто притиснете го лостот на заштитниот капак (5)(➌).
За демонтирање (види слика B) навалете го лостот наназад (➊). Извлечете го поклопецот (24) од заштитниот капак (5) (➋).
Поставете го капакот за всисување за сечење со лизгачки водилки (18) на грлото на вретеното. Прилагодете ја позицијата на капакот за всисување (18) според потребите на работниот процес. Фиксирајте го капакот за всисување (18) со завртката за фиксирање. На капакот за всисување со лизгачки водилки (18) може да се поврзе соодветен Bosch-всисувач. За таа цел, вметнете го цревото за всисување со адаптерот за всисување во предвидената приклучница на капакот за всисување.
Навртете ја дополнителната рачка (3)/(28) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на работа.
- Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (3)/(28).
- Не продолжувајте со работа со електричниот алат, ако дополнителната рачка (3)/(28) е оштетена. Не вршете промени на дополнителната рачка (3)/(28).
Дополнителната рачка за придушување на вибрациите (28)овозможува работење со мали вибрации и пријатна и безбедна работа.