Вметнување/менување на батеријата
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии или никел-метал хидридни батерии (особено при ниски оперативни температури).
Во зависност од капацитетот, можни се повеќе мерења со батерии од 1,2 V отколку со батерии од 1,5 V.
- Отворете го капакот на преградата за батерии.
- Ставете ги батериите одн. акумулаторските батерии внатре.
- Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
- Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Доколку ознаката за празна батерија се појави за првпат на екранот и трепка, тогаш можни се уште само мал број на мерења. Заменете ги батериите одн. акумулаторските батерии.
- Доколку не сте го користеле мерниот уред подолго време, извадете ги батериите од него. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат.