Безбедносни напомени за мешалка
- Држете го алатот за рачките со двете раце. Губење на контрола може да предизвика телесни повреди.
- Обезбедете доволна вентилација при мешање на запаливи материјали, за да избегнете каква било опасност. Пареата што ќе се создаде може да ја вдишите, или да се запали од искрите што ги произведува електричниот апарат.
- Не мешајте храна.Електричните алати и нивната опрема не се наменети за преработка на храна.
- Каблите држете ги подалеку од работната површина. Кабелот може да се заплетка во садот на мешалката.
- Уверете се дека садот на мешалката е добро прицврстен. Садот што не е добро прицврстен може ненадејно да се придвижи.
- Уверете се дека нема да се истури течност врз куќиштето на електричниот алат.Доколку навлезе течност во алатот, може да го оштети, или да доведе до струен удар.
- Следете ги упатствата и предупредувањата за материјалот што се меша.Материјалот што се меша може да биде штетен.
- Доколку електричниот алат падне во материјалот што се меша, веднаш исклучете го алатот од струја, и однесете го на проверка кај овластено лице.Доколку пробате да го извадите алатот од материјалот без да го исклучите од струја, тоа може да доведе до струен удар.
- Не посегнувајте во садот со раце, и не вметнувајте други предмети за време на мешањето.Допирот со садот за мешање може да доведе до сериозни повреди.
- Стартувајте и работете со алатот само доколку истиот е внатре во садот за мешање. Садот за мешање може да се искриви или неконтролирано да се заврти.
- Не обработувајте експлозивни супстанции (на пр. лесно запаливи растворувачи). Електричните уреди создаваат искри, што може да ја запалат настанатата пареа.
- Следете ги упатствата и напомените за предупредување во сертификатот за безбедност на материјалот што се меша. Материјалот што се меша може да биде опасен по здравјето.
- Не го користете електричниот уред на потпирач. Електричниот уред не е дозволен за стационарно работење.