Совети при работењето
- Електричниот алат ставете го на завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат.
Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.
За да го извадите битот за одвртувачот или универзалниот држач за битови, може да користите помошен алат.
Држач за појас (опрема)
Со држачот за појас може да го закачите електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе ви бидат слободни, а електричниот алат ќе го имате на дофат во секое време.
Опишаната опрема не припаѓа во стандардниот обем на испорака.