Ставање во употреба
- Секогаш ставајте го електричниот алат странично и не го ставајте на батеријата. Во зависност од употребениот алат за вметнување и батеријата што се користи, електричниот алат може да се преврти.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (2) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (2) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (2) на десно до крај.
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
Работното светло (14) свети при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (8) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Корисничкиот интерфејс (7) служи за претходно избирање на бројот на вртежи и на режимот на работење, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат.
Прикази за состојба
Прикажување на состојбата на електричниот алат (11) | Значење/Причина | Решение |
---|---|---|
Зелено | Статус OK | – |
Жолто | Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Свети црвено | Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна | Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Трепка сино | Електричниот алат е поврзан со мобилен уред или поставките се пренесуваат | – |
Со копчето за претходно избирање на број на вртежи (15) може претходно да го изберете потребниот број на вртежи во 3 степени. Притискајте го копчето (15), додека саканата поставка сигнализира на приказот за број на вртежи (16). Избраната поставка е зачувана.
Може претходно да го изберете бројот на вртежи преку апликацијата Bosch Toolbox.
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
Податоците во приложената табела се препорачани вредности.
Основна поставка за број на вртежи при степен | |||
---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | |
[min–1] | [min–1] | [min–1] | |
Број на степени на вртежи | |||
3 | 0–800 | 0–1300 | 0–1750 |
Со копчето за претходно избирање на број на вртежи (15) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.
Електричниот алат располага со 2 претходно дефинирани работни режима A и B (12). Работните режими може дополнително преку апликацијата Bosch Toolbox под A и B (12) да ги програмирате за различни примени и постоечките режими да ги прилагодите.
За да менувате помеѓу работните режими A и B (12), притиснете го копчето (13).
За да излезете од режимите на работа, притиснете го копчето за предизбор на брзина (15).